29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоработка на векот: Се здружија Apple и IBM

Соработка на векот: Се здружија Apple и IBM

Apple-IBM111

„Apple“ и „IBM“ објавија дека склучиле партнерство кое според нивните зборови – ќе го промени начинот на кој ќе ги завршуваме работите, решавање на клучните предизвици во мобилната индустрија и ќе стане вистинска промена во бизнис светот по пат на мобилните уреди.

Едноставно речено, двете познати „IT“ компании ги здружија силите со цел поагресивно да влезат на бизнис пазарот.

„IBM“ во оваа соработка ќе допринесе така што ќе е овозможи пристап до голема количина на податоци и аналитички експертизи, додека „Apple“ ќе понуди елегантно корисничко искуство во вид на „iPhone“ и „iPad“. Овој потег би можел да го трансформира „Apple“, кој досега беше фокусиран само на потрошувачите, а наскоро би можел да премине и на бизнис пазарот.

Ова исто така би можело да поттикне нова битка со „Microsoft“ кој сега повеќе од било кога е фокусиран на „cloud“ сервисите и бизнис пазарот.

„IBM“ ќе ги продава „iOS“ на корпоративните клиенти. Овие уреди ќе доаѓаат со посебно дизајниран бизнис софтвер кој ќе го произведе „Apple“. Aпликациите на пазарот ќе се најдат веќе оваа есен, а во текот на следната година ќе се појават и доста нови. Двете компании ветуваат нови категории на мобилни апликации, кои би требало да бидат наменети за различни видови на бизниси, како што се продажба, здравство, банкарство, патувања, телекомуникации и осигурување.

Апликациите во голема мера ќе ја користат „cloud“ инфраструктурата на „IBM“, додека истовремено ќе функционираат и со „Apple“ сервисите како „iCloud“.  Гигантот од Купертино исто така ги објави своите планови за новиот „AppleCare for Enterprise“ кориснички сервис, кој на корисниците ќе им понуди 24 часовна поддршка.

„Ние сме добри во нудењето на едноставни кориснички искуства и правење на уредите. Експертизата која е потребна за трасформација за функционирање на разни компании не е во нашата „DNK“, но затоа во на „IBM““, изјави генералниот директор на „Apple“, Тим Кук.

Дали ова ќе биде соработка на 21-виот век времето ќе покаже, но сигурно е дека здружувањето на двете револуционерни „IT“ компании неможе да биде лошо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП