8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе намали профитот на JP Morgan Chase

Се намали профитот на JP Morgan Chase

jp-morgan-chase-headquarters-ny.jc.top

Профитот на најголемата американска банка според обемот на средства, „JP Morgan Chase“, се намали за девет проценти во вториот квартал.

До пад на профитот дошло поради лошото работење на одделението за инвестициско банкарство и секторот за хипотекарни кредити.

Вкупниот профит на „JP Morgan Chase“ во вториот квартал изнесуваше 5,6 милијарди долари, што е значително помалку во однос на профитот од 6,1 милијарда долари во истиот период минатата година, додека заработката по акција изнесувала 1,46 долари, во споредба со 1,60 долари од минатата година, пренесува агенцијата АП.

Приходите на банката во истиот квартал се намалиле за три проценти на 24,5 милијарди долари, додека бројот на барања за добивање на хипотекарни кредити е намален за 54 проценти на 30,1 милијарди долари во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП