Добивката на „Citigroup“ во вториот квартал потона за 96 проценти, поради трошоците од казната платена на американското Министерство за финансии.
Сепак, резултатите се над очекувањата на аналитичарите, па токму затоа цената на акциите порасна за 3 проценти, на 48,42 долари. Приходите од тргувањето беа над очекуваните.
Банката во вториот квартал оствари 3,8 милијарди долари добивка пред оданочувањето. Остварена е нето добивка од само 181 милиони долари, односно 3 центи по акција во споредба со 4,18 милијарди односно 1,34 долари по акција во истиот период минатата година.
Кога ќе се отстранат еднократните трошоци добивката по акција изнесува 1,24 долари, што е повеќе од 1,05 долари колку што проценија аналитичарите.