2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTaблети со Windows за 100 долари

Taблети со Windows за 100 долари

tablet win

Кевин Турнер од „Microsoft“ на партнерската конференција најави уште поевтини уреди. Наесен пристигнуваат таблети со „Windows“ со крајна цена од 100 долари, т.е. преносни компјутери со цена од 200 долари за американскиот пазар.

Еден од уредите кој наскоро ќе биде достапен за купување ќе биде и „HP Stream“ кој со цена од 200 долари стартува да се продава во САД. Во истата линија ќе бидат достапни 7 и 8 инчни таблети кои ќе се продаваат за 100 долари. Лаптопот на„Acer“ со 15,6 инчи– „Aspire ES1“ веќе се наоѓа во продажба за 250 долари, а моделот на „Toshibа“ со 11,6 инчи со иста цена ќе пристигне до крајот на годината.

Овој потег овозможи за постепено намалување на цените на лиценциза „Windows“ кои ги плаќаат производителите, па за евтините уреди оперативниот систем е бесплатен.

Веќе во првата недела од стапувањето во сила на оваа одлука се претставени 31 нов уред со „Windows“, рекоа од „Microsoft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП