20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕLouis Vuitton женски торби

Louis Vuitton женски торби

dami1

Францускиот луксузен бренд ја претстави колекцијата од женски торби за пролет/лето 2013 година. Оваа колекција отстапува од вообичаениот изглед на досегашните торби, таа сега содржи правоаголни облици со свежи и смели линии. Поголемиот дел од колекцијата, која е инспирација од уметникот Даниел Бурен, се состои од правоаголни форми со прави линии. Овој елегантен, привлечен и луксузен бренд има што да им понуди на своите обожаватели.

„Damier Cubic“ претставува нов изглед на иконската „Speedy Cube“ торба иновативно креирана со 3Д ефекти. Достапна е во кафена, сива и жолта боја, нејзината цена е 2860 американски долари.

dami2

„Damier Facette“ е изработена од сјајна телешка кожа. Таа е достапна во крем и жолта боја, оваа торба чини 1750 американски долари.

dami3

„Damier Mosaic“ ќе ве врати назад во ретро ерата со графички коцки на обичната телешка кожа. Таа има метална свиткана рачка со свилена облога. Достапна е во кафена и жолта боја и чини 2850 американски долари.

dami4

„Damier Optic“ е интересна мини торба, дизајнирана на интересен начин, на нејзината површина има мрежа со коцки. Достапна е во кафена и жолта боја, нејзината цена е 2860 амрикански долари.

dami5

„Louis Vuitton Les Extraordinaires“ торбата со напреден дизајн е прекриена со шаблонот од шаховската табла со деликатни квадрати од кристално стакло. Достапна е во црна, црно-бела, кафена и жолта боја, а нејзината цена е вртоглави 6530 американски долари.

dami6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП