20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Бразил бара нов селектор, си замина Сколари

СП 2014: Бразил бара нов селектор, си замина Сколари

skolari brazil

Селекторот на националниот тим на Бразил во фудбал, Луис Фелипе Сколари ја напушти функцијата, објавија светските агенции.

65-годишниот стратег имаше договор со „Селесао“ до крајот на СП 2014, сепак тој поднесе оставка, која беше прифатена со непосреден ефект од раководството на федерацијата на земјата.

Сколари го донесе Бразил до петтата светска титула во 2002-ра година во Јапонија и Јужна Кореја, но на домашен турнир „кариоките“ се претставија под очекувањата.

Тие стигнаа со големи тешкотии до полуфиналето, каде што беа брутално поразени со 1:7 од Германија. Потоа тие не успеаа да слават ниту пак на дуелот со Холандија во битката за бронзениот медал.

Првично претседателот на бразилската фудбалска федерација Марко Поло Дел Неро имаше намера да го продолжи договорот на Сколари, но по сериозниот притисок од фудбалската јавност во земјата, тој ја смени одлуката.

Главни претенденти за испразнетото место се селекторот на националниот тим до 20 години Александре Гало и Аденор Леонардо Баки-Тите, кој го доведе Коринтијанс до трофеите во „Копа Либертадорес“ и на светското клупско првенство во 2012-та година.

Од федерацијата немаат многу време за решение. На 5-ти септември Бразил ќе игра пријателска со Колумбија во Мајами. Следната година е „Копа Америка“, а во 2016-та е Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП