29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Blue Cruiser – Ulysse Nardin (фото)

Луксузниот Blue Cruiser – Ulysse Nardin (фото)

luksuz-satovi-ulysse-nardin-blue-cruiser (1)

Новиот „Ulysse Nardin“ часовник е олицетворение на моќта на пространството на морињата и океаните…

Роден од пионерски дух во 2001 година, комплетно редизајниран во 2013 година, во склад со омилената тема на „Ulysse Nardin“ брендот во која главна улога игра морето, „Freak Cruiser“ часовникот кој овој пат ви го претставуваме, го подигнува сидрото и заминува кон сините води на океанот.

luksuz-satovi-ulysse-nardin-blue-cruiser (2)

Никогаш порано ниеден часовник не го претставувал таквиот концептуален и технолошки скок на часовничарството. Без бројчаник и стрелки, овој часовник е дизајниран така што неговиот механизам сам се движи. Поврзан во самиот центар на неверојатниот брод, ротирачкиот долен мост е индикаторот за часови, додека горниот, во форма на скелетонизирано сидро е индикатор за минути. Наречен „Carrousel – Tourbillon“, овој систем кој и пркоси на имагинацијата и реалноста, во потполност е самостоен, повеќе не му е потребно ниту централно копче, кое во претходните изданија беше декорирано со сафирен кристал и беше поддршка за целата структура.

luksuz-satovi-ulysse-nardin-blue-cruiser-99

Во верзии од 18-каратно бело или розево злато, овој авангарден часовник има пречник од 45мм, а по својата уникатна природа, совршен е за патувања и авантури од секаков вид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП