18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Малото финале меѓу тажните и огорчените

СП 2014: Малото финале меѓу тажните и огорчените

brazil holandija

Битка за чест. Така може да биде наречено денешното мало финале меѓу Бразил и Холандија. Двата тима се простија на многу лош начин со соништа за злато и денес ќе пробуваат да ја спасат својата чест.

Домаќините се наоѓаат во многу тешка состојба откако Германија брутално им се „насмеа“ на целта за триумф на домашен терен. Бундестимот му нанесе невиден срам на „Селесао“ откако го разби со 1:7. После натпреварот цел Бразил потона во солзи, а една девојка дури се самоуби од тага.

Лошото расположение исто преовладува во Холандија. Земјата на лалињата мечтаеше за првиот трофеј, откако тимот беше многу стабилен во досега прикажаното. Аргентина сепак го исфрли Ван Перси и компанија и така ги прати да играат во малото финале, наместо во вистинскотофинале.

Третото место не одговара на амбициите ниту на Бразил, ниту на Холандија. Од таборот на „лалињата“ дури најавија дека малото финале е целосно непотребен во програмата на Мундијалот.

Во „Селесао“ исто не би ја празнувале бронза, затоа што со тоа нема да ги задоволат очекувања кои навивачите ги имаа кон нив.

И покрај се, денешниот натпревар е можност за спасување на честта, па мала утеха ќе биде идниот бронзен медал.

За составот на Бразил има добра вест и тоа е враќањето на Тиаго Силва во опустошената одбрана. Се очекува селекторот Луис Фелипе Сколари да направи одредени промени во својот состав. Напаѓачот Фред речиси сигурно нема да започне меѓу стартерите, по кошмарната презентација против Германија што предизвика приврзаниците бурно да го исвиркуваат. Се очекува Бернард исто така да не е меѓу единаесеттемината, откако не успеа да го замени и со 1% повредениот Нејмар. Меѓу стартерите најверојатно ќе биде Вилиан, кој ја чека својата шанса за докажување. Дани Алвеш и Максвел исто можат да почнат против Холандија.

Селекторот на „лалињата“ Ван Гал исто подготвува познати промени. Во почетниот состав речиси сигурно ќе бидат Дерил Јамаат наместо Најџел де Јонг. Очекува стратегот да не ризикува и да се обложи на Робин ван Перси, кој инаку имаше многу лош настап во полуфиналето па го замени во продолженијата.

Ова ќе биде 12-ти натпревар помеѓу Бразил и Холандија, а балансот е целосно еднаков – по 3 победи за двата тима и 5 реми. На светски првенства тимовите се сретнале четири пати досега, Холандија запишала две победи, колку што има и Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП