26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Крос неофицијално е МВП на Мундијалот?

СП 2014: Крос неофицијално е МВП на Мундијалот?

tonci krosi3

Некако од втор план, тивко во прв план на репрезентацијата на Германија излезе Тони Крос, фудбалер кој е прогласен за вишок во минхенски Баерн.

Играчот од средниот ред во целост брилираше во полифиналната средба против Бразил, постигна два гола и забележа асистенција, што му овозможи сок од 18 места на листата која ја бележи користта на играчот на теренот, а во досегашниот дел од турнирот забележа дури 443 точни додавања.

Во тој сегмент, покрај него се само Хавиер Маскерано и Филип Лам со процент на успешност над 85 проценти. Скоро третина од (12 oд 39) пасовите на Германија во казнениот простор на противникот ги испрати токму Тони Крос.

Само Бастијан Швајнштајгер во просект претрчува повеќе од колегата од Баерн на натпревар, Крос просечно поминува 11,7 километри.

Тој со Милер е единствениот фудбалер на Германија во Топ 10 играчи според индексот, а комплетната селекција на Јоаким Лев е прва на таа листа, а за споредба најдобри играчи кај другиот финалист во овој сегмент се Езекјел Гарај (12-то место) и Лионел Меси (14-то место).

Без оглед на поразот во полуфиналето, скок на листата забележаа Ариен Робен и Стефан де Фрај, додека за изненадување второто место и натаму е во сопственост на Карим Бензема, и покрај фактот дека Франција испадна во четвртфиналето.

Што се однесува до селекцијата на Бразил, четворица играчи се меѓу најдобрите десет, а ги предводи Тиаго Силва на четвртото место, Нејмар е десетти, па поради тоа може да се дојде до заклучок кои фудбалери навистина недостасуваа во полуфиналето.

Tоп 10 играчи по индексот на корисност:

1. Тони Крос (9,79)

2. Карим Бензема (9,74)

3. Aриен Робен (9,7)

4. Tиаго Силва (9,66)

5. Oскар (9,63)

6. Стефан де Фрај (9,59)

7. Toмас Милер (9,56)

8. Давид Луиз (9,54)

9. Хамес Родригез (9,51)

10. Нејмар (9,48)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП