Со локација во градот Паркер, срцето на државата Колорадо, се наоѓа оваа прекрасна вила наречена „Serenty Ridge“…
Вилата е изградена во 2001 година и на своите сопственици им нуди пространи соби и сите луксузни погодности на кои можат да се сетат.
Аура од чист луксуз ја опкружува оваа вила, што може да се види на прв поглед. Целиот имот се простира на 70 беспрекорни хектари земја. Кој и да е сопственик на оваа вила, од нејзините особини и елементи не може да биде разочаран.
Таа има совршени деловни единици, цел еден кат за забава на нејзините сопственици, двокатен базен и спа центар, одвоена резиденција за персонал и гаража за 30 автомобили.
Моментално оваа вила е на продажба, а цената која се бара за неа е 18.37 милиони долари. Меѓутоа, доколку не се продаде до септември, ќе биде одржана аукциска продажба на крајот на септември.