3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот Peninsula Manila хотел (фото)

Прекрасниот Peninsula Manila хотел (фото)

bai1

Голем спој на познатиот луксузен бренд „Peninsula“ и препознатливиот дух на главниот град на Филипините…

„Peninsula Manila“ е одлично место за посета, ако некогаш се најдете во оваа голема метропола. Наречен е „Скапоцен камен во круната на престолнината“, и лежи во самото срце на Манила, пет ипол километри од „Ninoy Aquino“ меѓународниот аеродром, и во непосредна близина на неколку истакнати трговски центри.

По доаѓањето, пред да тргнете во истражување на градот, морате да пронајдете сместување. Хотелот е многу великодушен во тој поглед, нуди широк избор на соби и апартмани, добро опремени и врвно декорирани, а ги карактеризираат уникатните филипински елементи на дизајн, давајќи ви чувство дека сте пристигнале на некое навистина посебно место.

Гастрономските опции се подеднакво импресивни: „Peninsula Manila“ ви нуди голем број на ресторани (служат и вкусна југоисточна-азиска и интернационална кујна) и барови, како и повеќе простории за релаксирање, но нуди и опција за оброк во соба.

За да го заокружите ова неверојатно искуство, посетете го прекрасниот спа и велнес центар, кој нуди и релаксирачки и ревитализациски третмани, како и сета модерна фитнес опрема која е потребна за да ве одржи во форма.

bai2

bai3

bai4

bai5

bai6

bai7

bai8

bai9

bai10

bai11

bai12

bai13

bai14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП