Клајв Кристијан е многу ценет британски дизајнер познат по својот дизајн на ентериери (највпечатливи му се кујните), како и по своите неверојатни парфеми…
По повод 15 години откако Кристијан ја стекна својата „Crown Perfumery“ (основана во 1872 година) и го понуди на пазарите првиот „Clive Christian No1“ парфем, најскапиот парфем на светот, компанијата сега лансира „Limited Edition“ – ограничена серија на парфеми која го носи истото име, но која се истакнува по својот луксуз.
„The No1 15th Anniversary“ ограничената серија е високо концентриран парфем-спреј и со уште побогат интензитет на состојки во однос на оргиналниот „No1“, за да се создаде навистина волшебен мирис, токму онаков како што посакуваат и најпребирливите лица. Многу работа е вложено во подобрување на неговата презентација, со оргинално кристално шишенце кое е прелакирано со бело злато и обезбедено со атрактивно златно капаче.
Ова издание на парфеми во ограничен број се состои од 500 парчиња за мажи и уште 500 парчиња за жени, а цената на овој парфем изнесува 1.500 евра.