4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Park Hotel Vitznau (фото)

Посетете го луксузниот Park Hotel Vitznau (фото)

gac1

Отворен на почетокот на 20-тиот век и реновиран пред неколку години, „Park Hotel Vitznau“ не потсетува на некој дворец од бајките…

Ова е место каде шармот на дамнешните минати времиња се среќава со современиот луксуз и комфор. Со локација на брегот на сликовитото езеро Луцерн, овој хотел ви нуди 47 резиденции, апартмани и јуниор апартмани, индивидуално дизајнирани во шест теми.

Престојот на секој гостин во било кој од овие апартмани е навистина посебно искуство кое ќе го памети засекогаш. Погодностите кои се наоѓаат во апартманите се HD ТВ сетови, бесплатен интернет и луксузен козметички производи од брендот „Molton Brown“, а тука е и неограничениот пристап до спа центарот.

Оние кои уживаат во фини оброци, дефинитивно ќе го засакаат ресторанот „Fokus“, каде наградуваниот кувар Ненад Млинаревиќ ја изведува својата кулинарска магија. Со нагласок на природните состојки, Млинаревиќ користи најквалитетни домашни производи, за да креира се – од лесни ужини до фантастични јадења – а сето тоа со неверојатна страст и посветеност.

Во центарот на вниманието на овој хотел е релаксацијата во природното опкружување, со феноменален спа центар кој секогаш им е на располагање на гостите, со бројни опции и третмани. За навистина посебно искуство, ви предлагаме неколку часа да поминете во загреаниот базен на отворено и да ја впиете убавината на швајцарскиот пејсаж…

gac2

gac3

gac4

gac5

gac6

gac7

gac8

gac9

gac10

gac11

gac12

gac13

gac14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП