19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриското производство во Британија за 0,7 проценти

Пад на индустриското производство во Британија за 0,7 проценти

padpadot

Индустриското производство во Велика Британија е намалено во мај за 0,7 проценти во однос на претходниот месец, соопшти Заводот за статистика ОНС.

Аналитичарите се изненадени од овој пад, со оглед на тоа дека очекуваа дека ќе биде забележан раст од 0,3 проценти, колку што беше забележан и во април, пренесува АФП.

На годишно ниво во мај, сепак, е забележан раст на индустријата од 2,3 проценти, што е малку под очекуваните 3,2 проценти.

Мајскиот пад е последица од намалувањето на активностите во преработувачкиот сектор од 1,3 проценти, особено во фармацевтската, металуршката и електронската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП