27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонците подготвуваат 40 милиони евра за Куадрадо!?

Каталонците подготвуваат 40 милиони евра за Куадрадо!?

kvadrado barsa

Раководството на Барселона упатило понуда за колумбискиот репрезентативец на Фиорентина Хуан Куадрадо, пренесуваат каталонските изданија.

Се тврди дека од тимот од „Камп Ноу“ сакаат да ги форсираат преговорите, со цел побрзо да ги обезбедат услугите на играчот на Фиорентина и што побрзо да го состават тимот за следната година.

Гласините се категорични дека спортскиот директор на Барса, Андони Зубизарета и агентот на Куадрадо веќе ги договорат личните услови на фудбалерот, а каталонците испратиле официјална понуда до италијанскиот тим, која се зборува дека е во вредност од околу 40 милиони евра.

Потсетуваме дека пред неколку недели Куадрадо рече дека по Мундијалот ќе мисли за својата иднина. Колумбија отпадна од првенството во земја на кафето, а тоа значи дека Куадрадо веќе размислува мирно на оваа тема.

Минатата сезона Куадрадо настапи на 32 натпревари од италијанската Серија „А“, а притоа постигна 11 гола и 8 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП