
Со феноменална локација во градот Ментон, совршен поглед на море, оваа импресивна вила претставува вистински луксуз…


Со феноменална локација во градот Ментон, совршен поглед на море, оваа импресивна вила претставува вистински луксуз…
Вилата претставува совршена комбинација на префинетост и луксуз на француската ривиера, под велот на традицијата. Нејзиниот медитерански дух додатно е зголемен со бујната вегетација и варијабилитетот на топлите бои. Таа содржи пет спални соби, што ја прави совршена за семејството.
Секој од ентериерите на оваа вила внимателно е дизајниран, со комфор и луксуз на ум. Секоја соба има свој излез на величенствената тераса. На само неколку чекори од оваа вила се наоѓа плажа и мало пристаниште, а малку подалеку е и стариот град, во кој можете да уживате во феноменалниот избор на кафулиња и ресторани. Италијанската граница е многу близу, па така, можете да се прошетате и до Италија. Монако се наоѓа на 10 километри од оваа вила, со своите добро познати казина и луксузни хотели.










