9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIkea смисли нешто неочекувано

Ikea смисли нешто неочекувано

ikea hamburg

„Ikea“ стана најголемиот светски трговски ланец за мебел принудувајќи ги луѓето да се возат до хипермаркетите кои се на перифериите на градовите од Стокхолм до Шангај.

Меѓутоа, жителите на Хамбург се првите купувачи кои ќе можат да прошетаат во продавницата на „Ikeа“ која се наоѓа во бизнис центарот на тој град.

Шведскиот трговски ланец во својата „градска“ продавница ја отвори во четвртот „Алтон“, најзападниот од седумте четврти во Хамбург. Отворањето на овој продажен простор ја чинеше „Ikeа“ 80 милиони евра и всушност е експеримент.

„Тоа е навистина скап експеримент, но нас не итересира дали тој концепт ќе помине во градовите. „Алтон“ би можел да биде модел за поголемите градови како што е Берлин“, изјави менаџерот на „Ikeа“ задолжен за германскиот пазар.

Овој потфат е всушност дел од ширењето на трендот и враќање на трговијата во градските центри.

Oдлуката да ја сместат во „Алтон“ е донесена додека „Ikea“ барала простор во Хамбург. Локалните власти го понудиле моменталниот простор, кој пред тоа бил напуштен повеќе од шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП