27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема и натаму останува на „Бернабеу“!?

Бензема и натаму останува на „Бернабеу“!?

karim-benzema-real-madrid

Напаѓачот на Реал (Мадрид), Карим Бензема ќе потпише нов договор со клубот по крајот на светското првенство.

Тој се договорил со раководството на „кралевите“ за условите под кои ќе стави потпис на новиот договор и тоа ќе стане факт сосема наскоро, тврди „АС“.

Засега не е јасно што точно се овие услови и колку долго ќе биде новиот договор на играчот, но се шпекулира дека станува збор за годишна плата од 9 милиони евра.

Во моментов Бензема е со националниот тим на Франција во Бразил, а денес неговиот тим ќе се соочи со Германија во 1/4-финалето на турнирот.

Разговорите за новиот договор на 26-годишниот напаѓач започнаа уште пред тој да замине за Мундијалот. Неговиот сегашен договор истекува пак во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП