28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОд инфаркт повеќе умираат млади жени отколку мажи

Од инфаркт повеќе умираат млади жени отколку мажи

Woman-having-heart-attack

Фактори кои можат да влијаат на зголемен ризик од срцеви болести се исхраната, стресот и физичката неактивност, но душевното здравје исто така може да има важна улога.

Жените на возраст од 55 и помлади, а кои страдаат од умерена или тешка депресија имаат дури двојно поголема шанса да заболат од смртоносни срцеви болести како срцев удар, откри истражувањето објавено во списанието „Journal of American Heart Association“.

Во истражувањето учествувале 3.237 мажи и жени од сите возрасти кои страдаат од болести на срцето и крвните садови, при што се земени предвид и симптомите на депресија во текот на трите години.

Резултатот покажал дека жените стари 55 години имаат 2,2 пати поголеми шанси за добивање инфаркт, како и за операција на крвните садови ако покажувале знаци на умерена до тешка депресија.

Дури 29 отсто од жените под 55 години со клиничка дијагноза на депресија покажале зголемен ризик од срцеви заболувања.

Наодите на истражувањата, исто така покажале дека депресијата може да биде скриена причина за развој на срцеви заболувања, тврдат авторите на студијата.

Со оглед на тоа дека се помлади жени страдаат од депресија, гледајќи ја демографската слика во целина, таа врска би можела да се објасни зошто повеќе жени отколку мажи умираат од инфркт, велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП