28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxonMobil инвестира милијарда во Антверпен

ExxonMobil инвестира милијарда во Антверпен

exxon-mobil-earnings-2.gi.top

Американската нафтена компанија „ExxonMobil“ денес најави дека ќе инвестира „повеќе од милијарда долари“ (731 милиони евра) во рафинеријата во белгиското пристаниште Антверпен.

Тоа ќе биде инвестиција во преработка на сирова нафта во дизел и бродско гориво, проектирана посебно за да ја задоволи побарувачка во северозападниот дел на Европа.

Така вкупната инвестиција на „ExxonMobil“ во Антверпен ќе надмине две милијарди долари за помалку од 10 години.

Рафинеријата во Антверпен „Esso Belgium“, филијала на „ExxonMobil“, има производствен капацитет од околу 320.000 барели нафта дневно, а работи од 1953 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП