28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОткријте ја Шри Ланка со flydubai

Откријте ја Шри Ланка со flydubai

awa

За патниците од Балканот кои сакаат да истражуваат нови дестинации, да патуваат подалеку да откриваат нови и различни дестинации. Една од дестинациите кој дефинитивно ќе ги задоволи радозналите патници е Шри Ланка. Flydubai, компанијата со седиште во Дубаи дава совети како вашиот престој во Шри Ланка да биде незаборавен.

Што да посетите:

Главен град на Шри Ланка е Коломбо и околината на градот може да биде многу интересна за оние што сакаат да ги истражуваат богатствата на светот. Шри Ланка е домот на 8 светски наследства, Гале, Канди, Сигирија, Анурадхапура, Полунарува, Дамбула пештерскиот храм, живописните висорамнини, како и Синхараја тропските дождовни шуми.

Шри Ланка се смета за колевка на будизмот па така голем број будистички реликти се чуваат токму тука каде се предмет на специјални церемонии. Една од најпознатите церемонии е изнесувањето на Буда од Далада Малигава храмот во Канди. Целата церемонија е придружена со празничка поворка. Оваа церемонија и прослава трае и по неколку дена и вклучува стотици слонови, танчери, носачи на факли и верници.

Друго исклучително интересно место поврзано со будистичката култура е Златниот храм во Дамбула којшто е центар за будистички и хиндуистички аџии дури 22 века. Тоа е најпознатата историска локација во Шри Ланка. Пештерскиот храм, дом на будистичките монаси е насликан со мурали стари 2000 години коишто го отсликуваат животот на Буда.  Ова светилиште исто така располага со колекција од 157 статуи на Буда во различни големини и пози, вклучувајќи ја и 15 метарската статуа на легнат Буда. Не помалку импресивни се живописните и сликовитите фрески  на ѕидовите и таванот, кои го прават овој храм најголема античка насликана површина во светот.

Сигириа или Лавовската карпа била изградена во 5тиот век. Највпечатливот дел од оваа знаменитост е тоа што врз теракотното јадро на карпата сместено во срцето на Шри Ланка се извива во 200 метарска пошумена висорамнина.  Бројни канали исполнети со вода, бедеми и водени градини – сите остатоци од антички стар град распослан од двете страни на карпата со остатоците од пар џиновски камени лавји шепи коишто се уште го чуваат приодот кон скалилата кои водат до врвот.

aab

Работи што треба да ги направите:

Посетете една од многуте Колумбо бањи и почестете се со Ајурведската масажа за парови и легендарниот Широдира третман што ќе ги изостри вашите сетила со утешителен и смирувачки ефект како и да ги релаксира вашето тело, ум и душа.

Ако сакате да го избегнете градот, појдете на екскурзија во Домот за слонови сираци Пинавала, што се наоѓа околу 90 km од Колумбо кон Канди, дом на повеќе од 60 слонови сирачиња. Таму ќе можете да ги видите џамбо бебињата како шетаат околу или пак се хранети од шише и се бањати од страна на човечките семејства што се грижат за нив. Едно пакување со кикиритки наменети за џамбо бебињата ќе биде одличниот реквизит што можете да го понесете со себе, затоа што малите слончиња ќе ви бидат многу благодарни и ќе го ценат ваквиот гест.

За оние парови што се чувствуваат авантуристички расположени, одлична идеја е да се качат на воз и да се упатат кон егзотичниот јужен брег на Шри Ланка, што полека но сигурно станува ривиера за избор за повеќето остроумни и најголемите истражувачи – патници од светот. Стационирајте се во Гале, од каде што можете да ги истражувате 36те хектари Гале Форт што содржи неверојатна колекција на структури и различни култури што датира од векови наназад.

Соседните градови што се наоѓаат покрај плажа како што се Хикадува и Унаватуна се најдобрите решенија за оние кои претпочитаат опуштен одмор, заинтересирани се за нуркање, сурфање и сончање на морскиот брег. Постои гребен што ја штити плажата и ја прави совршено безбедна за капење и оваа плажа е изгласана како една од „топ 10 најубави плажи во светот“ од страна на Discovery Channel и Марк Елингам, основачот на „Rough Guides“.

Што да јадете:

Орис и кари, варени во глинени садови во селските домови, топла морска храна испечена на скара на сончевата плажа, гурмански специјалитети од пет оброци под ѕвездите или освежување среде магливата планина, Шри Ланка е егзотична мешавина од вкусови и ароми збогатени со историски микс на етничка разноликост. Коломбо има голем избор на мали ресторани кои служат локални омилени јадења, како плескавици, рибји бухти, роловани јајца, палачинки, коту роти и бирјани. Туристите мораат да бидат подготвени на фактот дека поголемиот дел од националните јадења се навистина зачинети. Како што Шри Линка е прилично егзотична, патниците треба да обрнат внимание на чистотата на водата: флашираната вода треба да им биде прв избор на патниците со цел да ја надминат жедта.

aac

Каде да отседнете:

Коломбо нуди мноштво од опции за сместување, од хотели и одморалишта со пет ѕвезди, па се до евтини алтеринативи. Доколку одите во Гале , отседнете во ексклузивниот и многу романтичен хотел, Холандска куќа (TheDutchHouse) изградена високо на ридот и гледа кон Пристаништето на Гале. Заедно со другиот хотел, Сончева куќа (TheSunHouse) ова се двете совршен места каде што може да се сместите и ги истражувате локалните раздвижени пазари и села во Јужната Провинција.

Што да понесете дома:

Шри ланка е најпозната по ракотворбите од дрво и слонова коска, рачно изработени маски, кошници кои можат да бидат пријатно изнедување и сувенир за вашите пријатели и роднини. За најблиските можете да понесете нешто што одговара на дијаманти, смарагди и рубини кои се произвдени на островот. И секако, чај!

aag

Како да стигнете до таму:

Практично е невозможно да се стигне до Шри Ланка од Македонија и Балканските земји со директен лет, затоа најдобро е да патувате со трансфер линија. Интернационалниот аеродром во Дубаи на најдобрата опција за Балканските земји а flydubai е одлучен да им го направи патувањето полесно со подобрување на конекцијата. flydubai моментално опслужува мрежа од 70 дестинации, со уште 9 нови рути најавени за 2014 година, обезбедувајќи ги овие градови со одлична врска со Коломбо преку Дубаи. Flydubai лета за Коломбо 5 пати во неделата.

flydubai овозможува повеќе опции за патување за патниците (Бизнис класа, топли оброци во Економска класа, проширена мапа на летови). Во јуни 2013 година, flydubai го најави стартот на Бизнис класа услугите, патниците сега може да добијат предности како побрзо чекирање, посветен бизнис тим, поудобни и попространи седишта, како и голем избор на интернационални менија за време на нивното патување. Сето ова е комплементирано со удобноста која ја нуди Терминалот 2 на Дубаи Интернационалниот аеродром.

Од неодамна, авиопревозникот започна да им дава опција на патниците предвремено да ги букираат забавните активности за време на летот на определени дестинации, или пак пред летот да нарачаат топли оброци, почнувајки од само 40 арапски дирхами. flydubai продолжува да бара нови дестинации во рамките на петчасовни летови околу Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП