20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Швајцарија ја казни BNP Paribas

И Швајцарија ја казни BNP Paribas

France-US-Bank Fine

Швајцарскиот финансиски регулатор „FINMA“ ја казни швајцарската филијала од француската банка „BNP Paribas“.

Швајцарија и забрани на таа институција во наредните две години да работи со клиенти кои доаѓаат од земјите кои се под санкции на САД и Европската унија.

Во соопштението на „FINMA“, во кое исто така, од швајцарската филијала на „BNP Paribas“ е побарано да го зголеми нивото на капитал, се наведува дека тој орган спровел одделна истрага од истрагата која е водена во Вашингтон, која вчера беше завршена со наметнување на рекордна казна од 8,9 милијарди долари за „BNP Paribas“ поради кршење на американското ембаргo воведено кон Куба, Иран и Судан, пренесува агенцијата Франс прес.

„BNP Paribas“ сериозно ја прекрши својата обврска за идентификување, ограничување и контрола на ризикот при трансакции со деловните партнери во земјите кои се под американски санкции“, се наведува во соопштението на „FINMA“.

Американското министерство за правда претходно соопшти дека француската банка намерно прикрила илјадници трансакции со Kуба, Судан, Иран и Мјанмар, во периодот од 2004 до 2012 година, што официјалните лица во САД го нарекоa сериозно кршење на американскиот закон.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП