27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАZEW: Економската клима во Германија е значитело попозитивна

ZEW: Економската клима во Германија е значитело попозитивна

zew

Очекувањата на германските институционални инвеститори значително се подобрени во февруари, покажа истражувањето на институтот „ZEW“.

Индексот кој го изработува овој институт се зголеми за неверојатни 16,7 поени, на 48,2 поени.

Иако последните податоци за германскиот БДП покажаа пад во четвртиот квартал од 2012 година, подобрените очекувања на експертите за финансискиот пазар сигнализираат подобрување на состојбата во економијата во наредните месеци, констатираат во „ZEW“.

„Експертите за финансиските пазари ставија точка на слабото четврто тромесечие во 2012 година. Според нивното мислење, неповолниот ветар кој создава криза во еврозоната не создава повеќе толку големи проблеми како порано“, се вели во соопштението на Волфганг Франц.

Оценката на актуелната сосотојба во економијата во февруари остана речиси непроменета, намалувајќи се за 1,9 поени, на 5,2 поени, заклучуваат од „ZEW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП