25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung: Нови џиновски смарт телевизори

Samsung: Нови џиновски смарт телевизори

tv1

Компанијата „Samsung“ оваа недела ќе ги лансира новите модели на „паметни“ телевизори, со џиновски екран, кои можат да се поврзат на интернет.

Станува збор за нова фаза на развој на производи од висока категорија од овој реномиран производител, односно вкупно 16 нови модели, со екран со големина од 46 до 75 инчи (117 см до 191 см), кои овозможуваат користење на интернет, а содржат и апликации за препознавање на човечкиот говор и движењето на телото.

Гледачот може, на пример, својот телевизор да го праша: Кои фудбалски натпревари денеска се на програмата?, или Дали има акциони филмови овој викенд?…. тогаш телевизорот на екранот ќе ги појави неговите одговори.

Каналите на овој телевизор ќе се менуваат со едноставно движење на раката.

Овие „паметни“ телевизори на почетокот ќе бидат достапни во продажба само во Јужна Кореја, а датумот кога ќе бидат достапни и во останатите земји се уште не е познат.

Според проценката на шефот на телевизиската индустрија на „Samsung“ Ким Хуан Шук, секторот на луксузни телевизори, со големина на екранот над 60 инчи (152 см) ќе ја зголеми продажбата на компанија за 30 проценти во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП