28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа првпат Македонија промовирана на саем за туризам во Милано

За првпат Македонија промовирана на саем за туризам во Милано

Bit-2013-Milano

Во рамки на  планираните саемски презентации за оваа година од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во периодот од 14-17 февруари 2013 година, Република Македонија првпат беше присутна на саемот за туризам „Бит 2013“ во Милано, Италија.

Македонските туристички потенцијали беа презентирани на италијанскиот пазар, со штанд на кој исто така земаа учество и туристички агенции од нашата земја, кои италијанскиот пазар го одредиле како таргет.

Во текот на четиридневното промовирање, соопшти денес Агенцијата, беше организирана презентација на туристичкиот потенцијал на Македонија пред туроператори и новинари од Италија, како и пред потенцијални туристи, проследена со дегустација на традиционална македонска храна и вино.

Презентацијата беше отворена од страна на генералниот конзул на Република Македонија во Италија, Амон Бајрамовски,  кој истакна дека позитивните билатерални односи помеѓу двете земји и одличните дипломатски, економски и политички односи, преставуваат добра основа за проширување на соработката и во туристичкиот сектор. Презентацијата на туристичкиот потенцијал на нашата земја проследена со видео материјал од промотивната кампања Македонија Тајмлес, ги покани присутните да ја посетат нашата земја и лично да се запознаат со богатата  историја, култура, религија, архитектура, природа и секако вкусна храна и вино, на кои ниту еден посетител не останува рамнодушен.

Комбинирајќи ги познавањата на туристичките потенцијали и регулативите во нашата земја од страна на преставниците на АППТ  и туристичките агенции, со контактите на нашиот конзулат, ангажираност на нашиот економски промотор во Италија Иван Илиев, како и на почесниот конзул на Република Македонија во Италија Франко Пилато, направена е уште една успешна промоција која претставува почеток на низа планирани промотивни активности во правец на зголемување на бројот на туристи од овој исклучително значаен европски пазар кој покажува интерес за религиозниот туризам и кружните тури низ балканот вклучувајќи ја и нашата земја.

Саемот „Бит 2013“ имаше над 2.000 излагачи, од повеќе од 120 земји кои ги промовираат своите потенцијали на површина од 86.000м2. Бројот на посетители од 90.000, како и присуството на 60.000 професионалци во туризмот од кои 44 проценти се  туристички агенции и 3.500 новинари преставуваат причина повеќе за одлуката за промовирање на нашата земја во рамки на овој реномиран саем од областа на туризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП