27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе донесе Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ...

Се донесе Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување

zakon

Собранието на Република Македонија, во рамки на продолжението на 55. седница го донесе Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Заменик-министерот за  финансии Земри Ќамили, истакна дека Владата на Република Македонија предлага закон за отпишување камати по доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, со кој ќе се овозможи целосно отпишување на каматите за придонесите од задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, кои настанале до 2009 година, доколку уплатата на основниот долг се изврши за шест месеци. Со истиот предлог на закон се овозможува и отпишување на камати по основ на долг за сите видови придонеси од социјално осигурување во периодот од 2009 до 2012 година.

– Законот ги предвидува овие можности: стопроцентно отпишување на каматата ако главниот долг се плати во рок од шест месеци од поднесување на барањето. Седумдесет и пет проценти отпис од каматата доколку долгот се врати за 12 месеци, рече Ќамили. Педесет проценти од каматата ќе бидат отпишани доколку долгот се отплати во период од 12 до 18 месеци.

Целта на оваа мерка на Владата е да им се излезе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми кои се однесуваат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување. Се проценува дека вредноста на каматите кај долгот по основ на пензиско осигурување изнесува 40 проценти од долгот.

Изет Зеќири од НДП, смета дека ова е популистичка мерка на Владата, која има позитивни, но и негативни страни. Предноста, според него, е што им се дава можност на фирмите да ги отплатат долговите. Меѓутоа, вели Зеќири, оваа мерка нема да влијае врз исплатата на долгот.

– Потребно е оваа Влада да понуди фискална амнестија, со која ќе се направеше пресек и сите оние кои имаат обврски да се аменстираат, со цел сите да бидат мотивирани да ги плаќаат придонесите, изјави пратеникот на НДП. Негативните страни на законот се дека со него се врши дискриминација во однос на оние кои редовно плаќале обврски.

Бизнис секторот позитивно ја оцени оваа владина мерка, која ќе придонесе компаниите да продолжат понатаму да функционираат во Македонија и да ги подмируваат обврските редовно.

Извршниот директор на Сојузот Митко Алексов, по објавување на мерката од страна на Владата изјави дека мерките се дел од нивните барања што ги доставувале до Министерството за финансии.

– Овие мерки се пред се поволни во делот на ослободување на компаниите од акумулирани обврски кои ги имаат по однос на овие придонеси. Според нашата евиденција, станува збор за компании кои имале сериозни финансиски проблеми, компании кои биле во стечајни постапки, меѓутоа со преорганизација и реконструкција успеале да излезат од оваа состојба и сега веќе имаат услови за натамошно добро економско функционирање. Меѓутоа, овие акумулирани обврски претставуваат сериозен проблем, изјави Алексов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП