3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТоп 10 најегзотични плажи во светот (фото)

Топ 10 најегзотични плажи во светот (фото)

www.desktopwallpaperhd.com

Зошто изборот на дестинации за одмор мора да се врти околу истите места кои сме ги посетиле толку многу пати?

Продолжуваме да ги посетуваме истите локации бидејќи ни претставуваат сигурност, но што е со возбудувањата и авантурите кои доаѓаат со истражувањето на нови места и со создавањето на нови спомени? Оваа листа е за оние луѓе кои сакаат да запознаваат нови луѓе и сакаат да си ја хранат душата со несекојдневни сцени.

Ова се топ 10 најегзотични плажи на светот:

1. Плажа „Whitehaven“, Австралија

1-

Австралија е добро позната по своите преубави плажи, но „Whitehaven“ плажата се разликува од другите по многу работи. Најпрво, е направена од долг, бел песок на кои би сакале да останете засекогаш. Потоа, одлична е за оние кои уживаат во натпревари на вода, оваа плажа е позната во организирање на такви активности. И на крај, но не најмалку важно, „Whitehaven“ плажата е прогласена за една од најголемите „Eco-frendly“ плажи во светот од страна на „CNN“, поради што се смета за една од најчистите плажи.

2. „Caye Caulker“, Белизе

2-

Белизе е дестинација за луѓето кои знаат што сакаат. Познато е како едно од најсреќните места на светот, иако граѓаните на Белизе, главно, се сиромашни. Низ целата земја вибрира мултикултурна енергија, а ниту оваа плажа не е исклучок. Но, многу е помала од „Ambergris Caye“ (плажа која се наоѓа веднаш до „Caye Caulker“). „Caye Caulker“ дише во опуштена атмосфера и типичен карипски шарм.

3. „Lamu Archipelago“, Кенија

3-

Избирањето на афричкиот континент како дестинација за одмор секогаш претставува добар избор. „Lamu Archipelago“ се состои од многу острови, а еден од најголемите е и островот со исто име. Ова место, покрај богатото културно наследство, нуди и преубава, долга, песочна плажа. Исто така, нуди и возење до градот со моторен чамец.

4. Плажа „Emerald“, Окинава, Јапонија

4-

Оваа плажа е совршен избор речиси за секого. Поделена е на три области: една за играње, друга за одморање и една за прошетки. Поради тоа, секој може да ја посети. Се состои од различни понуди. Секоја област е долга по 150 метри. Јапонија како земја со прекрасна култура и земја уникатна во секој поглед, во комбинација со оваа прекрасна плажа, претставува совршен избор за секој кој е заинтересиран за истражување.

5.Плажа „Matira“, Бора Бора, Тахити

www.desktopwallpaperhd.com

Бора Бора е магичен остров кој се наоѓа во јужниот Пацифик. Истријата на ова место е од исклучителна важност: служело како база во која американските трупи се опремувале со оружје во текот на Втората светска војна. На „Matira“ плажата постојат голем број на активности за посетителите: хранење ајкули, или тура со џип по островот која трае половина ден. Но, тука секогаш е и изборот на едноставно уживање на плажа, без премногу активности. Овој остро, исто така, често се нарекува и „Романтичен остров“, па така, погодно е за било кој тип на посетители.

6. Плажа „Anse Victorin“, Сејшели

6-

Оваа плажа е идеална за луѓето со авантуристички дух: нуди можност за нуркање. Сите сокриени богатства во океанот само чекаат да бидат откриени. „Anse Victorin“ плажата е многу егзотична и поради фактот дека е опкружена со вегетација и гранитни карпи.

7. Плажа „Llandudno“, Вестерн Кејп, јужна Африка

7-

Опкружена со прекрасни планини, оваа плажа претставува едно од најубавите предели кои Јужна Африка има да ги понуди. Оваа земја, позната по својата различност во културите и по извонредните пејсажи, исто така е и богата со грандиозни плажи. Оваа плажа е само една од нив, но дефинитивно не треба да ја пропуштите.

8. Плажа „Kaanapali“, Хаваи

8-

Наречена „Најдобрата плажа на Америка“ во 2003 година, ова е плажа која има речиси пет километри чист бел песок. Палмите по целата плажа, заедно со прекрасниот океан, прават да се чувствувате како да сонувате. Веројатно не постои личност на планетата која не сонувала да ги посети Хаваите барем еднаш во својот живот, па така, ако постои шанса тоа да се оствари, оваа плажа би требала да биде на вашата листа.

9. Плажа „Dakhla“, Мароко

9-

Мароко е земја која се наоѓа во северна Африка и во понудата има богато културно наследство. Кога се во прашање плажите, „Dakhla“ е една од најдобрите. Сахарските дини и даваат на плажата многу егзотичен изглед, па секој кој има желба за бегство од традиционалните западни одморалишта, ќе биде пријатно задоволен од оваа мароканска плажа. Плажата, исто така, нуди и избор на сурфање со летала (популарно kite surfing), кое претставува традиционална активност во оваа земја.

10. Плажа „El Mirador“, Мексико

10-

Глетката на боите на океанот која оваа плажа ви ја нуди е доволно добра причина да ги спакувате вашите торби и да тргнете во истиот момент кон Мексико, без понатамошно планирање. Иако не постојат хотели во овој регион, пронаоѓањето на сместување во близина и посетата на оваа плажа е нешто кое мора да го направите ако сте во Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП