18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Познати осминафиналните двојки и термини

СП 2014: Познати осминафиналните двојки и термини

brrrr

Откако синоќа беа одиграни натпреварите од последното коло во групната фаза, комплетирани се паровите за осминафиналната рунда на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Денеска на Мундијалот е слободен ден, а веќе утре стартуваат натпреварите во елиминациската фаза и тоа со две јужноамерикански пресметки.

Во првиот осминафинален меч ќе настапи домаќинот Бразил за противник ќе ја има селекцијата на Чиле во натпреварот кој ќе се игра на стадионот „Минеирао„ во Бело Хоризонте утре (сабота) од 18 часот.

Во Рио Де Женеиро на „Маракана„ од 22 часот ќе започне натпреварот меѓу Колумбија и Уругвај.

Победниците од овие натпревари ќе се сретнат во четвртфиналето.

Ден подоцна (недела, 29 јуни) ќе играат Холандија – Мексико и Коста Рика – Грција.

За во понеделник (30 јули) закажани се дуелите меѓу Франција – Нигерија и Германија – Алжир.

Осминафиналната рунда ќе биде заокружена со натпреварите во вторник (1 јули) кога ќе играат Аргентина – Швајцарија и Белгија – САД.

Сите натпревари од осминафиналето ќе се играат во термините од 18 и 22 часот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП