25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците купиле 11,5 проценти повеќе автомобили

Британците купиле 11,5 проценти повеќе автомобили

britanijanovi1

Побарувачката за нови автомобили во Европа повторно се намали во јануари, но овој пат со многу побавно темпо од претходниот месец, покажаа најновите податоци на Европското здружение на производители на автомобили „АСЕА“

Во јануари во 26 земји од Eвропска унија (со исклучок на Малта) регистрирани се 885,159 нови патнички автомобили, што е за 8,7 проценти помалку од претходниот месец. Оваа бројка, исто така, е најмалата забележана бројка за месец јануари од 1990 година, годината во која започнало водењето на статистиката за автомобили.

Падот на регистрација, сепак, значително е забавен во споредба со месец декември, кога побарувачката беше намалена за 16,3 проценти.

Единствена светла точка меѓу одделните големи пазари е Британија, каде што се регистрирани 11,5 поценти повеќе автомобили од статистиката во претходниот месец.

Во Германија нивниот процент повторно се намали за 8,6 проценти, а пад забележаа и Шпанија за 9,6 проценти, Франција за 15,1 проценти и Италија за 17,6 проценти.

Германија ја задржа позицијата за најголем автомобилски пазар во Европа, со 192,090 регистрирани нови автомобили.

Зад неа е Велика Британија со 143,643 регистрирани автомобили, Франција со 124,798  и Италија со 113,525.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП