4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Хрватите ќе добијат бонус од по 140.000 евра

СП 2014: Хрватите ќе добијат бонус од по 140.000 евра

hrvatska fudbaleri

Хрватските репрезентативци ќе добијат бонуси по 140.000 евра за учеството на светското првенство. Хрватска отпадна уште во групната фаза со една победа и два порази во групата А на шампионатот.

Според претходно познатите премии на ФИФА, Хрватската фудбалска федерација доби 8 милиони евра бонус за пласман на Мундијалот.

Во почетокот на јуни играчите и федерацијата се согласија да ги поделат парите на половина, но потоа беше направен нов договор, што значително го фаворизира играчите.

4 милиони евра ќе ги делат фудбалерите и тренерите, со соодносот 80:20 во корист на играчите. Тоа значи дека секој хрватски репрезентативец ќе земе по 140.000 евра, пишуваат медиумите во оваа земја.

Тренерскиот штаб, предводен од селекторот Нико Ковач, во кој влегуваат 13 лица, ќе поделат 800.000 евра или околу 60.000 евра во просек по човек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП