2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Мебел-Ви“ Виница со нов продажен салон во Велес на 2.500 м2 и...

„Мебел-Ви“ Виница со нов продажен салон во Велес на 2.500 м2 и нови вработувања

bbbvbv

Виничката компанија за производство на мебел „Мебел-Ви“ на 25-ти овој месец ќе го отвори својот шести продажен салон во Република Македонија.

Новиот простор од 2.500 квадратни метри е лоциран во Велес на улица Скопски пат б.б. во индустриската зона во Велес на влез од Скопје во Башино село.

Одлична локација веднаш покрај автопатот со извонредна можност за сите оние наерници кои имаат потреба од квалитетно парче мебел да го посетат.

Салонот ќе располага со целиот асортиман на достапен мебел, во име на отворањето на новиот салон „Мебел-Ви“ нуди неверојатен попуст до 40 отсто на најголем дел од асортиманот. За потребите на новиот салон во Велес се вработени 5 лица.

Комерцијалниот директор на „Мебел-Ви“ Влатко Тасев вели дека отворањето на уште еден продажен салон е чекор напред кон доближување на производите до купувачите и дека целта е да се отворат изложбено-продажни салони во сите поголеми македонски градови.

„Оваа стратегија на олеснување на пристапот до нашите производи, заедно со новата софистицирана технологија за производство на мебел во којашто инвестиравме во изминатиот период, ќе им овозможи на купувачите брзо и едноставно шопинг-искуство на висококвалитетен мебел произведен по највисоките европски стандарди за прифатливи цени“ – додава тој.
„Мебел-Ви“ е една од водечките компании за мебел во државата и е единствена којашто има сопствено производство и развиена сопствена дистрибуција и ланец на изложбено-продажни салони.

Широкиот асортиман на производи кој вклучува гарнитури за седење, трпезариски маси и столици, спални и детски соби, канцелариски мебел и многу повеќе се продава во шест салони низ Република Македонија.

Компанијата „Мебел-Ви“ во моментот вработува 130 работници и постојано го зголемува опсегот на своето работење а со тоа придонесува и за развој на економијата и локално и национално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП