25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Vilu Reef Beach & Spa Resort (фото)

Посетете го луксузниот Vilu Reef Beach & Spa Resort (фото)

aru1

Ако ова лето сакате да побегнете далеку, на обалите од кристално чистиот океан прекриени со прекрасниот бел песок и украсени со палми, Малдивите се вистинското место за вас…

Тука се наоѓа „Vilu Reef Beach & Spa Resort“, на островот Ниланде. Ова надоградувано одморалиште е познато како „Градината на рајот“, поради својата природна убавина. До него можете да дојдете со авион, тоа се наоѓа во сенката која ја создаваат дрвата од кокос и палмите, на прекрасно чистата плажа. Има вкупно 121 соба со поглед кон азурно плавата вода.

Овој простор е совршен за љубителите на нуркањето, како и за оние кои сакаат да се релаксираат и опуштат. Тука ви се достапни многу услуги, можете да го посетите ресторанот, барот, теретаната, тениските терени, одбојкарските терени, центарот за спортови на вода, прекрасните базени и уште многу други.

Претседателскиот апартман е најдобрата сместувачка единица на оваа локација, тој има највисоко ниво на приватност, фантастични панорамски погледи и целодневна услуга од батлер. Дневната соба има стаклени ѕидови. Мебелот е одличен, тој се состои од голем број на декоративни детали. Овој апартман содржи две големи спални соби, кујна и 3 бањи. На дрвената платформа на две нивоа се наоѓа и дневната соба, приватниот базен и џакузи бањата.

Погледнете ги фотографиите…

aru2

aru3

aru4

aru5

aru6

aru7

aru8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП