3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката Влада бара начин да ја намали невработеноста

Грчката Влада бара начин да ја намали невработеноста

greekunemp

Грчкиот премиер Андонис Самарас, синоќа се сретна со лидерите на коалициските партнери ПАСОК и Демократската левица (ДИМАР), Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис.

На состанокот е разговарано за прашања што се однесуваат на владините приоритети против невработеноста, менаџирањето со фондовите на Националната стратешка референтна рамка и работата на сите министерства.

Кувелис по состанокот изјави дека нема да има отпушатања во јавниот сектор и додаде дека во наредните денови ќе биде објавена цела програма за поддршка на семејствата во кои нема вработени.

Тој исто така рече дека ниту еден невработен не смее да остане без медицинска и фармацевтска грижа и истакна дека моменталните приоритети на Владата се фокусирани на раст. На средбата присуствуваше и министерот за финансии Јанис Стурнарас, кој по разговорите истакна дека целта на Владата е намалување на невработеноста меѓу младите луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП