2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Закрепнувањето на еврозоната се уште е ризично

Драги: Закрепнувањето на еврозоната се уште е ризично

dragi1

Закрепнувањето на еврозоната од катастрофалната економска криза се уште е ризично, изјави денеска претседателот на Европската централна банка Марио Драги, повикувајќи ги земјите кои се соочуваат со најголеми потешкотии да се фокусираат на кратење на трошоците и на имплементацијата на реформите.

Финансиските пазари од почетокот на годината го намалија притисокот врз земјите од еврозоната, при што аналитичарите сметаат дека со тоа се појавува надеж, дека 17-члената монетарна унија е на добар пат да закрепне, јави ДПА.

– Монетарната унија се соочува со ризикот од намалената домашна побарувачка и помалиот извоз, бавното спроведување на структурните реоформи и геополитички прашања и неизбалансираности, предупреди Драги.

Тој во обраќање пред европратениците во Брисел, нагласи дека овие фактори имаат потенцијал негативно да влијаат врз сегашното подобрување и да го одложат закрепнувањето.

– Целокупната ситуација се уште е кревка. Се додека не видиме раст, ќе остане таква. Поротата е се уште на сцена. Во меѓувреме мора да истраеме додека да ги доведе своите сметки во ред, нагласи Драги.

Тој ја повтори својата поддршка за плановите оваа година, за предлогот на Европската унија за механизмот за решавање на проблемот со банките кои работат со загуба, како дел од обидите за креирање на унија на банките на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП