4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАвантуристички одмор во луксузниот хотел Ayada (фото)

Авантуристички одмор во луксузниот хотел Ayada (фото)

gab1

Луксузниот хотел „Ayada“ на Малдивите е можеби најоптималното тропско место за авантуристички одмор.

Сместен во кристално сината вода на Индискиот океан, комплексот е направен во стил на мали колиби и нуди незаборавен поглед кон плажите од ситен бел песок и мирната отворена водна површина.

Доколку некој од гостите не сака да се капе во солените води на океанот, истото ќе може да го стори во приватните базени кои се во склоп на отворените апартмани.

Лежалките со меки перници, интимната атмосфера и прекрасниот ентериер во колибите само дополнително ќе придонесат да уживате во природниот рај кој ќе ве опкружува.

За да изнајмите една ваква фамилијарна колиба за еден ден ќе ви бидат потребни 1.300 американски долари.

Уживајте…

gab2

gab7

gab4

gab5

gab6

gab8

gab9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП