26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Бразилци лажирале инвалидитет за подобри места на стадион!

СП 2014: Бразилци лажирале инвалидитет за подобри места на стадион!

brazil invalidi

Полицијата во Бразил истражува необичен случај за измама на фудбалските стадиони на Светското првенство.

Имено, откако се појави фотографијата која можете да ја погледнете во оваа вест, бразилската полиција започна истрага по повод лажирање на инвалидитет.

Откако во повеќе случаи навивачите во стоечка позиција, дури и со скокање ги прославувале погодоците и се радувале на трибините, и тоа симпатизери кои на стадионите пристигнувале со инвалидски колички, стана јасно дека се работи за масовна измама.

Првиот случај е забележан на премиерната средба меѓу Бразил и Хрватска, а полицијата верува дека картите за лица со инвалидитет се нашле во рацете на „тапкарошите“, кои очигледно картите ги препродаваат, а притоа сугерираат и советуваат за лажирање на болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП