Линијта на ташни на познатата дама и олицетворение на елеганцијата Викторија Бекам, со секое ново издание станува се подобра и подобра…
Малта верзија на нејзината „Liberty“ ташна, „Quincy“ ташната е едноставна, а во исто време елегантна и луксузна. Таа е рачно изработена во Италија од врвно квалитетна кожа.
Кожата која е користена за дизајнирањето на оваа ташна е ласерски сечена, со постава од крем боја. Со ласерското сечење на материјалите, телото на ташната добива завидувачки контраст ефект. Исто така, со ташната заедно оди и ременот за носење преку рамо, кој може да се прилагоди според потребите.
Оваа ташна е совршен луксузен и истовремено секојдневен аксесоар за активните дами кои го посакуваат гламурот. Нејзините димензии се 12.5 х 9.5 х 6.25 што значи дека е мала, но сепак елегантна и практична за потребите на модерните жени. Памучната постава на оваа елегантна ташна има внатрешен џеб од страна и еден џеп со патент. Оваа ташна може да биде ваша доколку издвоите 3.450 американски долари.