6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТретина од Британците мислат дека британската економија би била посилна надвор од...

Третина од Британците мислат дека британската економија би била посилна надвор од ЕУ

people1

Половина од Британците би се изјасниле за излез од ЕУ ако сега би бил организиран референдум за ова прашање. Ова е резултат на анкетата која во понеделникот ја објави „Financial Times“. Според анкетата која ја рализира „Harris Interactive“ за „FT“, 33 проценти од испитаниците се ЗА останување во ЕУ, 17 проценти не би гласале, а 50 проценти сакаат излез од ЕУ.

Половина од анкетираните се ЗА организирање на референдумот кој го вети премиерот Дејвид Камерон, кој сака одново да преговара околу односите на својата земја со Брисел со цел да врати некаква моќ, а потоа нов договор до крајот на 2017 година им дал на своите сонародници на одобрување.

Околу 45 проценти од испитаниците мислат дека нивната земја извлекува некакви предности од ЕУ, додека 34 проценти мислат спротивно, но 33 проценти од испитаниците мислат дека британската економија би била посилна надвор од ЕУ, додека 37 проценти мислат дека излезот од ЕУ нема да промени ништо.

Оваа анкета е направена помеѓу 29 јануари и 6 февруари, во неа учествувале 2.114 возрасни лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП