20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајкуваат новинарите во Грција

Штрајкуваат новинарите во Грција

A Greek journalist carries a placard, re

Новинарите во грчките приватни и државни медиуми, денес организираат 24-часовен штрајк во знак на солидарност со утрешниот генерален штрајк во Грција, што го свикаа двата најголеми синдикати.

Грчките новинари соопштија, дека за да можат да известуваат за генералниот штрајк, тие нема да работат еден ден порано.

Утре нема да биде издаден ниту еден дневeн весник.

Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу, го осуди штрајкот на новинарите и истакна дека „синдикалните лидери на медиумите им се покорија на вообичаените партиски интереси“ и дека „Сириза планира да создаде информативен мрак за време на посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд на Атина“.

Кедикоглу ги обвини лидерите на новинарските синдикати дека „уште еднаш докажале дека не само што воопшто не се грижат за вистинските проблеми на новинарите, туку и му нанесуваат штета на имиџот на Грција во странство, во име на партиските интереси“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП