25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри рецепти за витка линија

Три рецепти за витка линија

2104824691539ebc80e639d501308168_orig

За да се поттикне елиминирањето на штетните материи од организмот, пожелно е во водата да се додадат парчиња краставица, агруми или боровница, бидејќи овие намирници го забрзуваат метаболизмот.

Водата не е само обичен напиток со кој ја гасиме жедта, таа е воедно и најдобар чистач на организмот и чувар на витката линија. Две чаши вода пред јадење го забрзуваат топењето на килограмите, без дополнителни промени во начинот на исхраната, тврдат германските стручњаци.

Поголема количина испиена вода во текот на денот го намалува чувството на глад а со тоа и внесувањето на калории. Во исто време се зголемува потрошувачката на енергија во организмот и се забрзува топењето на масни наслаги, тврдат научниците од универзитетскиот медицински центар „Karite“ во Берлин.

За да се поттикне елиминирањето на штетните материи од организмот пожелно е во водата да се додадат парчиња краставица, агруми или боровница затоа што тие производи го забрзуваат метаболизмот.

Како да направите природен диуретик?

1. Во бокал вода ставете пет до шест тркалца исечена краставица и оставете ги да отстојат барем два часа. Потоа можете полека да го пиете овој вкусен напиток богат со калиум и витамини А и Ц. Веќе после неколку дена ќе ги забележите и првите резултати.

2. Во секоја чаша вода која ја пиете во текот на денот, додадете неколку тенки кришки лимон или портокал, почекајте неколку минути па испијте ја. Витаминот Ц го забрзува согорувањето на мастите заради што побрзо ќе го изгубите вишокот на килограми и ќе ја обновите енергијата.

3. Во литар вода ставете една рака сечкани јагоди и боровинки и додадете пола лажичка бибер. Овој слатко-лут напиток ќе го поттикне побрзото топење на масни наслаги, затоа што капсаицинот од биберот го забрзува метаболизмот и истовремено создава чувство на ситост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП