8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа еврозоната и треба фонд за спас на банките

На еврозоната и треба фонд за спас на банките

mario1

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги, смета дека еврозоната мора брзо да оформи заеднички фонд за реструктуирање и гасење на проблематичните банки.

Тоа, според неговото мислење, е неопходен чекор за стабилизација на финансискиот сектор.

„Фондот треба да биде финансиран од даноците на финансиските институции за да се осигура дека нема да ги „проголта“ парите од даночните обврзници на средниот рок, гарантирајќи дека трошоците, првенствено, ќе ги понесе приватниот сектор“, рече Драги пред европските законодавци во Брисел, пренесува АФП.

Фондот мора да биде во состојба да донесува правовремени и правични одлуки за најдобрите решенија за проблематичните банки, независно од мислењето на земјите од кои доаѓаат тие банки, рече Драги, додавајќи дека тоа ќе ја прекине „извитоперената врска меѓу државата и банката“.

Меѓутоа, на таквиот заеднички фонд се гледа со скептицизам во земјите како што е Германија, најголемата европска економија, чии политичари се плашат дека средствата од буџетот можат да бидат употребени за спас на банки од други држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП