28 март, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Кредитот од милијарда долари од Владата на Абу Даби, Србија го доби под многу поволни услови и ќе има позитивен ефект на инвеститорите, вели Лазар Крстиќ. – Преку политички добрите односи и позицијата, имаме можност да оствариме вакви услови што не е случај со ниту една земја од регионот – потенцира министерот за финансии во собранието, образложувајќи го предлогот за ратификување на кредитот меѓу Владата на Србија и Владата на Абу Даби. Тој рече дека овој кредит има позитивен ефект во смисла на смирување на инвеститорите и одржување на ветувањата.

Загреб – Унгарската нафтена компанија МОЛ преку Будимпештанската берза извести дека открила ново наоѓалиште на нафта на едно поле во Казахстан. Како што наведе таа унагарска нафтена компанија, нафтата е откриена во едно поле во Федоровскиот блок во Казахстан, а забележан е и прилив на сурова нафта со висок квалитет од максимално 1.900 барели на ден, т.е. гас од 6 милиони кубни сталки на ден (една кубна стапка – 0,028 316 846 592 м3). Ова откритие на резерви на нафта не било вклучено во претходните проценки на ресурсите и резервите, наведуваат од МОЛ.

Белград – На сметка на Владата на Србија за помош на загрозените во поплавите уплатени се вкупно околу 11,9 милиони евра, објави Министерството за финансии на србија. Според податоците на Министерството, до 26 мај во 17.00 на динарската сметка за помош на загрозените во поплавите уплатени се 1.120.246.784 динари (околу 9,68 милиони евра). На девизната сметка уплатени се 702.522 евра, 261.122 долари, 14.960 швајцарски франци, 376 британски фунти, 1.003.000 руски рубљи, 1.550 норвешки круни, 700 дански круни, 2.200 шведски круни и 100 канадски долари.

Љубљана – Во Словенија поскапеа сите видови на горива. Цената на безоловен 95 октански бензин и дизелот е повисока за 1,3 центи за литар, кој сега чини 1,483 т.е. 1,376 евра. За литар безоловен 100 октански бензин сега треба да се плати 1,521 евро, што е 0,3 центи повеќе.

Берн – Кока-Кола ќе го запре своето производство во Швајцарија ако парламентот на таа земја усвои измена на Законот за картелите, со што 900 работни места би биле затворени. Ако мора своите производи да ги продава по цени кои важат во странство, американската компанија нема да може да ги покрие своите трошоци и ќе мора или да ги намали платите или да го запре производството на швајцарскиот пазар, потврдено е од Кока-Кола. Најавената измена на Законот за картелите насочена е против швајцарските шопинг туристи, кои пазарат во соседните земји и предвидува странските производители да ги продаваат своите производи под истите услови кои важат и надвор од границата на Швајцарија.

Рим – Поради санкциите кон Русија, кои ЕУ ги воведе на барање на САД, Италија ризикува да изгуби 10 милијарди евра, но катастрофалните последици од санкциите допрва претстојат. Тоа го тврди весникот Џорнале, во своето италијанско издание, наведувајќи дека партнерството на Русија и Кина е казна за Европа. Главен руски трговски партнер и понатаму е Германија, но во следните години состојбата нагло ќе се влоши во цела ЕУ.

Вашингтон – Извршниот директор на Фиат Крајслер, Серџо Маркионе има необична молба – не купувајте електричен автомобил фијат 500Е. Маркионе открил дека неговата компанија го продава овој модел на електричен автомобил свесно преземајќи загуба. – Се надевам дека нема да го купувате, бидејќи секој примерок чини 14.000 долари и тоа ви го кажувам искрено – рече Маркионе.

Берлин – Комесарот на Европската унија за енергија Гинтер Етингер рече дека е постигнат рамковен договор за решение за спорот околу украинскиот долг за гас на Русија. Според тој договор украинската гасна компанија во првата рата треба да плати 2 милијарди долари на руската компанија Гаспром. По состанокот со руските и украинските министри за енергетика во Берлин, Етингер изјави дека двете страни сеуште мора да се консултираат со своите политички лидери и гасните компании и дека имаат време до вечерва да го потврдат договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП