16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Билд се шегува со Роналдо

СП 2014: Билд се шегува со Роналдо

boooo

Германскиот спортски весник „Билд“ реши да се пошегува со Кристијано Роналдо по дебаклот на Португалија која на стартот на Мундијалот загуби од Германија со 4:0.

Во „Билд“ се појавија монтирани фотографии од германскиот селектор Јоаким Лев, и фудбалерите Филп Лам и Томас Милер со нивните ликови, ама со торзото на напаѓачот на Реал Роналдо во позата која ја зазема при прославата на четвртиот гол во финалето на Лигата на шампионите.

– Сега ние имаме мускули, стои во коментарот под монтираните фотографии.

И португалските медиуми се нафрлија врз нивната репрезентација, а во еден од нивните наслови стои – „Тим без глава и нозе“.

Поразот од 4:0 од Германија е највисокиот со Португалија на Светските првенства.

bild

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП