24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИзвонредниот хотел Niyama (фото)

Извонредниот хотел Niyama (фото)

uab1

На неверојатно убавиот Малдивски брег е лоциран извонредниот хотел „Niyama“, кој удобно ќе ве смести во своите 88 прекрасни апартмани и соби.

Изградените апартмани на плажа нудат и када во градината, а погледот кон Индискиот Океан ќе ве остави без зборови.

Апартманите во водата имаат инфинити базен, џакузи, а хотелот изобилува со модерни иновации, вклучувајќи „iPad“ во секоја соба и 40-инчен плазма телевизор.

Ако мислите дека изборот на место за јадење во тоа мало малдивиско катче е ограничен, грешите. „Niyama“ располага со 9 објекти од различен тип: од бар на плажа до уникатен ресторан во водата, до кој може да се дојде само со чамец.

„Subsix“ пак е првиот во светот подводен клуб. Заедно со миксовите на меѓународните диџеи, тој нуди поглед кон длабочините на океанот преку стаклените ѕидови и можност за танц под брановите.

Спа центарот на хотелот на своите гости им нуди ароматерапија, фитотерапија, морска терапија во која се вклучени елементи од земјата и морето се со цел да се создадат единствени моменти за секој посетител.

uab3

uab2

uab7

uab4

uab5

uab6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП