27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на приходите на Axpo, планирани 300 откази

Пад на приходите на Axpo, планирани 300 откази

axpof4hrf4389rt

Дистрибутерот на електрична енергија „Axpo“ една од најголемите швајцарски компании според големината на приходите, е соочена со потешкотии на пазарот и пад на приходите во првиот квартал од оваа година, така што е принудена да затвори околу 300 работни места во наредните три години, соопштија од оваа компанија.

Во извештајниот квартал приходите на оваа групација,чие седиште е во Цирих, се намалија за 10,4 проценти во однос на истиот период претходната година и изнесуваа 3,57 милијарди франци, додека нето профитот е намален за една шестина и изнесува 502 милиони франци, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Со затворањето на 300 работни места, групацијата очекува дека ќе ја врати профитабилноста.

На крајот на септември минатата година, „Axpo“ имаше вкупнo 4.335 вработени лица. Во текот на 2011/2012 година затворени беа 110 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП