26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската Унија чека работна сила од Хрватска

Европската Унија чека работна сила од Хрватска

hrvatskirabotnici

Освен Велика Британија и Германија, ниту една друга европска земја не најави дека по влегувањето на Хрватска во Европската унија ќе воведе ограничувања на вработувањето на хрватските граѓани, објави хрватскиот бизнис портал „Пословни дневник“.

Според порталот, интерсирањето за хрватската работна сила во некои земји е мошне голема и тие само го чекаат официјалното влегување на земјата во Унијата.

Австријците се најмногу заинтересирани за хрватските угостителски работници, Чесите и Словаците за лекарите, а освен угостители, австрискиот пазар на труд би можел да се отвори и за физиотерапевтите, информатичките инженери и градежниците.

Уште следната зима околу 300 хрватски угостители со добро познавање на германскиот јазик би можеле на неколку месеци да се вработат во австриските скијалишта.

„Пословни дневник“ пишува и дека дел од хрватските работодавачи чекаат отварање на границите и мобилност на работната сила. Станува збор претежно за домашните работодавачи, кои и досега сметаа на работници од странство, за кои постои квота за увоз на странска работна сила.

Стотина работници од Бугарија и Романија би можеле во Хрватска да се вработат до крајот на оваа година, а освен хрватските бродоградилишта и пристаништа и оние градежни компании, кои досега сметаат на странски работници преку квотата која ја издава Министерството за внатрешни работи на работниците од ЕУ сметаат и некои работодавачи, кои досега не пројавуваат таков интерес. Меѓу првите е „Алтера група“, која се занимава со чистење и одржување, а која е заинтерсирана за работници од Бугарија и Романија, бидејќи се поевтини од домашните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП