19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕгзотичното одмoралиште „Balae“ (фото)

Егзотичното одмoралиште „Balae“ (фото)

gac1

Егзотичното одмаралиште „Balae“со нереална убавина е сместено на островот St. Martin. Луксузниот комплекс поседува 8 вили и 83 прекрасни соби на идиличната обала на егзотичниот остров. На оваа плажа ќе бидете опкружени со прекрасни палми и романтичен хоризонт.

Сместувањето во елегнатниот и луксузен ентериер, исто така, со својот комфор ќе ви обезбеди раскошен престој. Ресторанот „La Reserve“, ќе ви обезбеди задоволство со француската кујна, додека барот „Le Cave“ ќе ве нагости со познатиот Карипски рум и разновидните коктели.

Одморот ќе ви биде совршен доколку му внесете и малку авантуристичка забава, тука можете да нуркате, крстарите, истражувате…

Внатрешноста на комплексот е прекрасно уредена, мебелот, ентериерот и околината ќе ве потсетат на најубавите спа третмани, на моментот на релаксација и уживање.

За овој несекојдневен одмор, потребно е да издвоите 479 американски долари за една ноќ, а се додека не се одлучите да си го поклоните ова задоволство, уживајте во фотографиите…

gac2

gac3

gac5

gac6

gac7

gac8

gac9

gac10

gac11

gac12

gac14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП