23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксуз и задоволство - Conrad Koh Samui Resort & Spa (фото)

Луксуз и задоволство – Conrad Koh Samui Resort & Spa (фото)

jac1

„Conrad Koh Samui Resort & Spa“ претставува совршена дестинација за одмор и подмладување на најлуксузни начини. Обезбедува неверојатни искуства кои му се на секого по мерка. Гостите ќе можат да уживаат во преубавиот избор на храна и вина, во тајландската култура, можат да имаат искуство кое ќе го паметат до крајот на животот, неверојатно спа искуство или едноставно, совршена дестинација за зацврстување на врска со личноста која ја сакаат.

Ова одмаралиште кое се наоѓа на 28 км од аеродромот, на својот имот има 80 луксузни одвоени вили. Вклучува 65 вили со поглед на океан, 14 двособни вили со поглед на океан и базен и голема „Conrad Royal“ вила со поглед на океан и базен. Еднособната вила со поглед на океан е со големина од 65 квадратни метри, и исто така има и тераса од 28 квадратни метри со базен од 10 метри.

Со спа центарот кој се наоѓа во комплексот, одмаралиштето ви нуди опуштање на најсуптилен можен начин додека уживате во азурните плажи, традиционалните и современите техники. Гостите можат да уживаат во големиот избор на активности како што се пливање, нуркање или едрење, како и во истражување на околните рајски острови. Ова е совршено место за состаноци и конференции, а уште посовршено е за прослави како што е венчавката. Цената за ваквиот вид на луксузирање за жал не можат да си ја дозволат сите, таа изнесува неверојатни 1,690 долари од ноќ, со вкучени медицински и спа третмани.

Погледнете ги прекрасните фотографии…

jac2

jac3

jac4

jac5

jac6

jac7

jac8

jac11

jac9

jac10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП