2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвојното дно на сиромаштијата

Двојното дно на сиромаштијата

siroma1

Во Европа луѓето се повеќе се сиромашни, а расте и бројот на оние кои се на самото социјално дно и кои преживуваат копајки по ѓубрето, снаоѓајќи се за храна.

Во Шпанија, која е во голема економска криза, секојдневно можат да се видат луѓето како копаат низ ѓубрето – тие најчесто бараат стаклени шишиња кои подоцна ги продаваат.

Помеѓу сиромашниот слој се наоѓаат и поранешните припадници на средната класа, тие се добро облечени но стојат во редовите до оние кои копаат низ ѓубрето, барајќи нешто што би можеле да го претворат во пари.

Според службените податоци, стапката на невработеност во Шпанија е околу 26 проценти, но податоците покажуваат дека и оние кои работат едвај успеваат да го нахранат своето семејство.

Сепак, постои и социјален слој, кој се наоѓа дури и под оние кои копаат низ ѓубрето. Овој слој е наречен „дното на дното“ во Шпанија.

Овој слој најчесто го сочинуваат емигрантите кои дошле во оваа земја во потрага по подобар живот.

Тие луѓе се меѓу првите кои ја загубија својата работа, затоа тешко е да се предвиди нивната бројка.

„Илегалците“ немаат шанси за врботување во Заводот за вработување, бидејќи работа нема ни за домашното население.

Хуманитарнитe организации проценуваат дека уште 300 илјади жители на Шпанија се на работ на сиромаштијата. За сега, овие организации некако успеваат да им помогнат на овие луѓе.

Економистите предупредуваат дека широко распространетата сиромаштија довела до тоа да се намали и бројот на оние луѓе кои финансиски им помагаат на хуманитарните организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП