26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChina Eastern Airlines нарача 80 авиони од Boeing

China Eastern Airlines нарача 80 авиони од Boeing

boeingjgn43hfg

Кинеската авиокомпанија „China Eastern Airlines“ од американскиот производител на авиони „Boeing“ нарача 80 авиони од типот „В737-800“ и „В737MAX“, по цена од 7,4 милијарди долари.

Авионите ќе бидат испорачани во периодот од 2016 до 2020 година, прецизираше кинеската компанија во својот извештај, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, кинеските авиопревозници ги зголемуваат своите капацитети за да отворат нови линии во Кина и надвор од земјата. Во мај и компанијата „China Southern Airlines“ ја зголеми својата флота со нарачката на 80 авиони од франускиот производител „Airbus“, по цена од 7,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП